Патувања
Континентот со бела дивина
Посета на земјата со бела дивина едноставно ќе Ве остави без здив. Со мраз, снег и вода секаде наоколу, Антарктикот е магичен и воодушевувачки.
Недопрената природна убавина на Антарктикот ги привлекува туристите низ векови. Доколку сте љубител на природата, посетата на овој континент ќе Ви донесе искуство кое ќе го паметите до крајот на животот.
Поминаа деновите кога само љубителите на авантури беа оние кои се усудиле да посегнат по земјата на пингвините. Посетата таму повеќе не е комплицирана и тешка како што некогаш била. Преминувањето на Јужниот Океан без никакво копно на повидок ќе биде фантастично искуство за Вас.
Величествени планини, огромни глечери ќе разбудат во Вас чувство на чудење и трепет во исто време. Доколку сакате да ја почувствувате целата големина на природата, посетата на Антарктикот е задолжителна.
Најинтересниот факт за овој континент е дека никогаш немал домородци. Како резултат, дивиот живот на Антарктикот е и понатаму без страв од посетителите. Сè што можете да забележите се незаинтересираните пингвини и слатки фоки.
Иако луѓето од целиот свет главно се привлечени од застрашувачката убавина на оваа земја, постојат и неколку интересни активности со кои можете да се занимавате додека ја истражувате оваа мистериозна земја, а тоа е риболов на мраз или санкање.
Сепак, приказната за истражувањето на антарктичката земја е достојна и ниту една посета не е целосна без да помислите за херојскиот подвиг на Шекелтон или посетата на неговото почивалиште во Јужна Џорџија. Антарктичкото наследство е едно од трајните природни убавини и е обновено од научно значење. Без разлика дали ја истражувате напуштената станица за лов на китовите или пловите низ каналите помеѓу глечерите, невозможно е да ја заборавите големината и значењето на оваа ледена територија. Со оглед на тоа дека патувањето до Антарктикот е долго и предизвикувачко, се вели дека посетата во таа земја треба да ја заслужите. Сепак, наградата е неспоредлива.