ЕКО производи
Конкурс за кратки еко филмови за младите луѓе на возраст од 15-25 години
Младите заљубеници во природата кои имаат желба преку филм да ја пренесат својата порака за заштитата на животната средина имаат можност тоа да го сторат до 1 декември преку конкурс за кратки филмови.
Europe House ги повика младите луѓе на возраст од 15-25 години да учествуваат на конкурсот #GREENFILM за кој нивна задача ќе биде да продуцираат кратки филмови од 30 секунди до 3 минути со главен фокус на идентификување на проблемите поврзани со животната средина. Целта на оваа активност е да ги натера младите луѓе да се вклучат во прикажувањето на овие проблеми на креативен начин, а истовремено да ги натера да ги истражат нивните идни можности во светот на филмот.
Документарните филмови или фикциите кои ќе ги создадат младите ќе ги оценува жири-комисија која ќе ги избере десетте најдобри кои ќе бидат прикажани на проекциска вечер во МКЦ кога ќе биде објавен и победничкиот филм за кој авторот ќе добие професионална камера.
Право на учество имаат сите млади од 15 до 25 години кои се македонски граѓани и ќе изработат филм во времетраење од 30 секунди до 3 минути на македонски, албански или англиски јазик.
Конкурсот трае од 00:00 часот на 28.10.2021 година до 00:00 часот на 01.12.2021 година.
Натпреварувачите можат да споделат и мала промоција на филмовите од 10 секунди која може да ја промовираат на Инстаграм со хаштаг #GreenFilm2021 #EuropeHouseSkopje #EuropeHouseStrumica #EuropeHouseKrivaPalanka
Заинтересираните учесници не треба да имаат претходна обука како филмаџии. Доволно е само да имаат идеја и желба да продуцираат филм кој може да го снимат со кој било уред за снимање: камера, телефон или ipad. Финалниот производ (филм) треба да се испрати на е-маил адресата на Europe House: euinfo@euhouse.mk како vimeo линк. Повеќе информации за конкурсот и начинот на апликација има овде.