Да не зборуваме дека на големо постои она „на комшијата тревата е позелена“. Но, овие фотки, ни дадоа малку надеж дека сепак може да се живее убаво со соседите. Станува збор за дворче пред зграда во Делчево, кое си го одржуваат станарите од зградата со мерак. Доказ дека кога има слога – може да се живее убаво и во мир. Секоја чест за вредните луѓе.