Свет

Комплексот “Куќички на дрво“ наскоро ќе биде отворе во Италија

Куќичките имаат остра и шпицеста конструкција на кровот, а направени се од црно дрво и од стакло. Секоја куќичка има од 35 до 45 метри квадратни. Целта е изгледот на куќичката во потполност да се „стопи“ со самиот локалитет и на тој начин да стане составен дел од околината. Секоја куќичка има два ката. На првиот кат е дневната и купатилото, додека вториот кат е резервиран за интимност, односно тука се наоѓа спалната соба со извонреден поглед на планинското опкружување.

Комплексот насловен “Куќички на дрво“ наскоро ќе биде отворен, а се наоѓа на Доломитите во Италија.

Станува збор за планински проект зад кој стои миланското архитектонско студио Peter Pichler Architecture, а кој ќе биде во функција на луксузно туристичко сместување. Концептот е базиран туристите да се препуштат на убавините на се она што една планина може да даде, окрепнување за умот и телото.

Тагови

Поврзани вести