ЕКО производи

Компанија од Колумбија прави куќи од пластичен отпад кои чинат околу 280 долари

Колумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долари.

Oскар и неговите колеги Хенри Кaњон и Изабел Кристина, започнале да се занимаваат со оваа работа со цел да го намалат негативното еколошко влијание на пластиката, преку нејзина реупотреба во градежништвото. Нивната компанија од ден на ден таa станува сè поуспешна.

Kомпанијата oрганизира и обуки на луѓето во општините самите да ги изградат овие структури, притоа им даваат сопствеништво на нивните домови и стекнуваат нови вештини. Пластичните домови на Оскар, може да се склопат за неверојатно брзо време. Така на пример, куќа од 40 м2, сочинета од две спални соби, бања, дневна соба, трпезарија и кујна, може да ја изградат 4 лица, за само 5 дена. Воедно, трошоците се многу помали во споредба со традиционалното градежништво – куќа со просечна големина како споменатата, чини само 280 долари.

Нова куќа за само 6000 евра – Решете го станбеното прашање ефтино и паметно.

Монтажните куќи се се почести во светот, а и кај нас стануваат се попопуларни. Ефтини, топли, еколошки и вселиви за само неколку дена, а векот на материјалот што се користи е 100 години- објаснува еден градежник.

Производителите посочуваат дека монтажните куќи се многу пофлексибилни од ѕиданите, односно земјотресите, силните ветрови и поплавите не им можат ништо.

Луѓето чии куќи претходно биле поплавени, најбрзо го решиле тој проблем. Пример се поплавите во Обреновац каде што водата не однела ниту еден монтажен објект, а некои објаснуваат и дека се користат незапаливи материјали, каде што во случај на пожар куќата не би се срушила.

Произведувачите кажуваат дека популарноста на овие куќи расте бидејќи младите генерации се почесто сакаат нивните домови да носат нивен личен печат,па затоа при купување на оваква куќа има и опција ‘‘ по желба на купувачот‘‘.
Лесно се градат и можете сами да си одлучувате за ентериерот и екстериерот на вашиот дом.

Тагови

Поврзани вести