Економија

Компанијата ЛИОН изложува на саемот ПЛМА во Амстердам

Шест компании од Македонија изложуваат на Саемот на приватни трговски марки (ПЛМА) што овие денови се одржува во Амстердам.

 Свој штанд во Амстердам има компанијата „Лион“ од Свети Николе позната во нашата земја по големата палета на висококвалитетни кондиторски производи кои ги произведува под брендот ЛЕОНА, а свои штандови имаат уште и 5 други компании од Македонија.

На Саемот во Амстердам се собраа повеќе од 15.000 купувачи и посетители од над 120 земји. Во изложбениот простор посетителите можат да се запознаат со производите на повеќе од 2.500 компании – изложувачи, производители и дистрибутери на стока за широка потрошувачка од повеќе од 60 земји.

Изложувачите очекуваат промоција на производите и зголемување на извозот, пред се во ЕУ, контакти со добавувачите и претставниците на големи трговски синџири …Исто така, саемот им дава можност да присутните компании да се запознаат со новите производи и технологии, да најдат нови деловни можности, но и да ја согледаат својата позиција во однос на конкуренцијата.

Од регионот, на саемот се присутни и 37 компании од Србија, 14 од Хрватска, 10 од Словенија и две компании од БиХ.

Организатор на Саемот е Асоцијацијата на приватни трговски марки (ПЛМА), непрофитна организација основана во 2019 година со цел да ги промовира приватните трговски марки (ПЛ). Тоа е единствена организација од таков вид и претставува повеќе од 3.500 компании од 70 држави од светот. Нејзини членови се во распон од мултинационални корпорации до мали семејни компании. За повеќе информации можете да ја посетите страницата www.plmainternational.com.

 

Тагови

Поврзани вести