Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во скоро сите намирници, па затоа е важно да се внимава и чита нивниот состав при набавка. Нутриционистите предупредуваат да се внимава на знаците, коишто ги испраќа телото кога имаме зголемено внесување на шеќер, бидејќи истиот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптираат на благото и човекот има се поголема потреба од внес, за да го задоволи тоа сетило. Многу од експертите зависноста од шеќер ја споредуваат и со дрога. Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“, а падот на истиот може да предизвика нервоза, вознемиреност нерасположение. Вишокот шеќер значи – вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, тој нема никаква хранлива вредност. Со ослободувањето на инсулин, се покачува телесната тежина, но и се зголемува опасноста од појавата на дијабетес. Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон истиот. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот во организмот. Затоа кога после обилен оброк почуствувате деконцентрација тоа значи дека шеќерот се намалува, додека кога ќе внесете шеќер, автоматски концентрацијата се зголемува, благодарејќи на дигањето на шеќерот во крвта.