Живот

Кога треба целосно да се престане со пиење алкохол

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол.Голем број луѓе од време на време уживаат во алкохолни пијалаци. Сепак, некои многу често знаат да претераат, што не е добро за целокупното здравје. Меѓутоа, доколку сакате да го одржувате вашето здравје, познат невролог откри кога треба трајно да престанете да пиете алкохол.

Во својата книга „How To Prevent Dementia“ (Како да се спречи деменција) од 2023 година, неврологот и невропсихијатар д-р Ричард Рестак ја откри врската помеѓу алкохолот и шансите за добивање одредени болести.

Тој изјави дека алкохолот е „директен невротоксин“, што би значело дека редовното консумирање или пиење алкохол во големи количини може да биде штетно за функцијата на мозокот, вклучувајќи ги и другите органи.

„Запрашајте се: ‘Зошто пијам?’ Ако одговорот е: ‘Бидејќи алкохолот ми помага да го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста’. Можеби сте изложени на ризик и веројатно е најдобро целосно да престанете“, објасни тој.

Д-р Рестак предлага сериозно да размислите да се откажете од пиењето откако ќе наполните 65 години.

„Воопшто не пијам. Мислам дека треба да престанете околу 65-тата година. На таа возраст вашиот мозок веројатно консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело.

Кога алкохолот го оштетува вашиот мозок, тоа влијае и на агилноста на вашето тело, зголемувајќи го ризикот од паѓање.

„Стапката на смртност од падови се зголемува, особено кај постарите мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние што веќе се погодени од други причини за паѓање, како што се мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата и лекови“, додаде тој.

Тагови

Поврзани вести