Клима
Кога може да очекуваме сончево и потопло време?!
Облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни, особено во западните делови. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.
За утре се очекува претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер. Минималната температура се очекува да биде од 6°C до 12°C, а максималната температура од 16°С до 22°C.
За среда се очекува променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, а за четврток се очекува променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи.
За викендот времето ќе биде сончево и потопло.