
Купувањето зелени банани знае да биде мини предизвик. Ги носите дома со надеж дека за неколку дена ќе созреат и ќе бидат совршени за јадење. Но, некогаш тие едноставно не пожолтуваат, колку и да чекате. Ако ви се случило тоа, не грижете се — зелените банани воопшто не се за фрлање.
Првиот трик што вреди да се проба е да ги ставите во хартиена кеса ден или два. Истото функционира и со авокадо. Кога овошјето зрее, ослободува етилен – природен гас што го забрзува зреењето. Хартиената кеса го задржува гасот околу плодот и му помага побрзо да омекне.
Направи помфрит од зелени банани
Во многу делови од светот, јадењето зелени банани е сосема вообичаено, а за некои и попривлечно од зрелите. Тие немаат изразен слаткаст вкус, па ако не сте љубители на класичниот „банана-вкус“, ова може да ви одговара. Исечете ги како компири или батати, испржете ги и ќе добиете крцкав и неочекувано вкусен прилог.
Можете и да ги исечете на тенки кругови и да направите чипс, слично на плантаин чипсот кој е многу популарен на Карибите. Одлично функционира и сушењето – резултатот е едноставна, но вкусна ужинка.
Варени
Варените зелени банани се класика, особено во карипската кујна. Се варат со лушпа, што ја олеснува подготовката. Некои ги пасираат и ги користат како пире, налик на компир, а други ги јадат цели, откако ќе се сварат. И во двата случаи, се работи за практичен и хранлив оброк.

Печени
Секој рецепт што се користи за плантаини, можете да гои примените и за зелени банани. Тие се блиски роднини и најчесто се јадат термички обработени. За брза варијанта, доволно е малку маслиново масло, сол и рерна – едноставно и ефективно.

Додајте ги во смути
Ако ништо друго не ви звучи примамливо, смутито секогаш е сигурна опција. Со добар блендер, зелените банани лесно се вклопуваат во комбинација со овошје како манго, праска или боровинки. Нема ни да го почувствувате нивниот вкус, а ќе ги добиете сите нутритивни придобивки.

Како и да одлучите да ги искористите, едно е сигурно – зелените банани не мора да завршат во канта. Напротив, можеби следниот пат намерно ќе ги побарате токму такви.



