Македонија
Клуч на врата за кујната во училиштето во Влае, 80 деца отсуствуваат од настава, некои завршија во болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) итно ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, откако голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека е издадено решение за забрана за работа на кујната како потенцијален извор на зараза.
Наредено е вонредно чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и вонредни здравствени прегледи за вработените. 80 деца отсутни, некои хоспитализирани Иако официјално до здравствените власти има пријави за 9 деца, денеска од настава отсуствувале околу 80 ученици, а според информациите, неколку дечиња се хоспитализирани поради дехидрираност.
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, најави дека првичните резултати од земените мостри (храна, вода, брисеви од површини и вработени) ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.



