Свет

Клучните извештаи на научниците за климата не се усвоени на конференцијата на ОН

Обидите да се вклучат клучните научни извештаи во официјалните документи на климатската конференција во Катовице не успеаа.

Научниците доставија високо критички извештај на Меѓувладиниот панел за климатските промени. САД, Саудиска Арабија, Русија и Кувајт беа земјите кои не се согласија со официалната позицијата на научниците.

Според неутрални набљудувачи тоа е сериозен неуспех за конференцијата на ОН во Катовице, која има амбициозна задача да даде поттик на реалните обиди за ограничување на емисиите на стакленички гасови.

Тагови

Поврзани вести