Македонија

Климатските промени ја менуваат традицијата, се сее и во декември

Порано, најоптималниот рок за завршување на есенската сеидбата беше од 15 до 25 октомври, но природата си го направи своето. Климатските промени ја менуваат традицијата и навиките па сега се сее и во ноември, и во декември

На десетина дена пред оптималните рокови за почеток на есенската седиба, поголемиот дел од земјоделците сеуште не почнале со подготовките и не ги изорале нивите. Земјоделците велат дека поради долгиот сушен период земјата е премногу тврда и тешко се ора, а дождот токму сега кога им е најпотребен го нема. И за следната недела прогнозите за земјоделците не се оптимистички, повторно се предвидуват сончеви денови, а роковите ги газат.

Експертите сметаат дека климатските промени ги менуваат навиките и традицијата за есенска сеидба, која се почесто се сее и во декември. Порано, најоптималниот рок за завршување на сеидбата беше од 15 до 25 октомври, но природата си го направи своето. Климатските промени ја менуваат традицијата и навиките па сега се сее и во ноември, и во декември.

Есенската сеидба ќе доцни во најголемата житница во Македонија, Пелагонија. Причина е сушниот и топлотен бран кој траеше од јули па досега. Дождот од 10 литри на метар квадратен не беше доволен за да ја пополни влагата во почвата, велат од подрачната единица на Агенцијата за поттик и развој на земјоделиетово Битола.

– Од податоците кои ги имаме на терен, во некои предели каде почвата го овозможува тоа, обработката на почвата за есенска сеидба започна, но тоа е многу малку. Станува за одредени реони каде има поровка почва и каде самата квалитетна почва овозможува обработка. Сеидбата ќе биде одложена барем за 15- тина дена со тоа што климатските услови се такви какви што се. Се очекува да има врнежи за полесно да се обработува почвата, вели Зоран Бардаковски, раководител на ПЕ АПРЗ Битола.

Тој исто така смета дека за добри приноси не е пресуден само квалитетот на почвата, туку и квалитетот на семенскиот материјал, самата сорта… За да има добар принос потребно е растителен склоп на околу 600 растенија на метар квадратен, за очекуван принос од околу 4- 5 тони пченица. Сепак се зависи од количината на влагата на почвата и временските услови.

Бардаковски вели дека сеидбата мора да започне затоа што ќе се скрати вегетацијата на самото растение доколку уште повеќе се пролонгира, но тоа ќе донесе и зголемени трошоци.

И во струмичкиот регион есенската сеидба ќе доцни. Неповолните временски услови и долгиот сушен период се главната причина поради која  ќе биде пролонгиран рокот за сеидба , пред се на житните култури. Причина плус за пробивање на оптималните рокови кои вообичаено почнуваат околу средината на октомври е таканаречената   ротацијата на површините кои претходно биле засадено со други култури а сега се планираат   за некоја од житните. Од агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието велат дека поместувањето на роковите значи и и зголемување на потребните количини на семенски материјал што ќе придонесе и за зголемени производствени трошоци.

Најголемиот дел од површините кои ќе бидат опфатени со есенската сеидба во струмичко ќе бидат засадени  со пченича и јачмен, додека останатите култури се застапени во помал процент.

И покрај лошите временски услови, препораките од научните земјоделски институции остануваат, земјоделците да употребуваат квалитетни семиња, навремена заштита и да ги применат сите агротехнички мерки.

Тагови

Поврзани вести