Македонија
Класнето и дружината во Битола исчистија дел од депониите кај „Шехерезада“, комплекс со приватни фирми
Еко дружината „Мети си со класнето“ е повторно во акција, исчистија дел од ѓубрето што подолго време се фрлало во каналите кај деловниот комплекс „Шехерезада“ во центарот на Битола, каде има адвокатски канцеларии и други приватни бизнис. Професорката Марија Магдалена Петковска-Микаровска, наречена Класнето, заедно со ученички од Средното медицинско училиште како волонтерки наполнија неколку вреќи со смет, што битолчани го фрлале на улица или во каналите од надворешната страна на комплексот како да е контејнер.
Собраа и четири шишиња со пикавци кои биле тресени од пепелници директно во тревниците. Контејнерите каде сметот можел да се одлага се само на 10-тина метри од местото каде чистеа, но очигледно им биле далеку на оние кои фрлале околу себе.
За да се исчисти цела депонија кај „Шехерезда“ која е во близина на контејнерите, потребна е поголема акција и механизација.