Забава

Кина штотуку го изгради својот најнов аеродром и тој изгледа неверојатно

Кина ја заврши изградбата на својот најнов аеродром. Тој се наоѓа во Чингдао и е огромен. Она што го прави посебен е неговиот изглед – има облик на морска ѕвезда.
Овој аеродром е двојно поголем од лондонскиот аеродром „Хитроу“. На почетокот тој ќе може да опслужува 35 милиони патници годишно и има капацитет за 298.000 слетувања и полетувања годишно.

Аеродромот бил дизајниран за да биде еколошки одржлив и има независен енергетски центар. Тој може да апсорбира и да складира вишок дождовна вода која потоа може да се рециклира. Аеродромот очекува да прима околу 100 милиони патници годишно до 2040.
За изградбата на аеродромот било искористено најголемото парче не’рѓосувачки челик во светот, кое зафаќа површина од 223.000 квадратни метри. Ова парче челик е тенко колку лист хартија.
Изградбата траела 5 години и чинела над 5 милијарди евра. Сè уште не се знае кога ќе биде отворен.

Тагови

Поврзани вести