По повеќегодишна тешка индустријализација на Кина, сега се случува пресврт. Еколошките предизвици се број еден во земјата во која фабрките и електраните го водеа економскиот раст и така го загадија воздухот, водата и почвата до точка на вриење. Индустријализацијата значеше и развој на општеството и економијата во Кина, но и опасност за животната средина, ако не се реагира навреме. Во обид да се справи со овие предизвици, кинеската влада прогласи „војна на загадувањето“ и воведе бројни зелени иницијативи.
Ова се некои од најважните иницијативи кои ги спроведе најмногубројната земја во светот.
Видео прилог:
Помалку јаглен, почист воздух
Кина презеде големи чекори во намалување на вкупните нивоа на емисии и намалување на стапките на емисии на цврсти честички. Направен е голем напредок во квалитетот на воздухот и денес има се’ помалку денови со смог во најголемите градови во Кина.
Подобри закони
Поранешното министерство за заштита на животната средина се трансформираше во Министерство за екологија и животна среда и доби поголеми одговорности. Новото министерство ги надгледува сите политики поврзани со водата како и политиките за климатски промени.
Финансирање на зелена иднина
На Кина и се потребни дополнителни 6,4 трилиони долари за да ја почне трансфорамцијата на економијата кон еколошки одржлива економија. Таа почна со собирање на данок за животна средина со цел да помогне во финансирањето на политиките за животна средина, а исто така се обидува се привлече повеќе „зелени“ инвестиции.
Вицепремиерот на Кина Лиу на годинашниот состанок на Светскиот економски форум во Давос годинава изјави дека намалувањето на загадувањето е една од главните стратешки цели на Кина, заедно со спречување на големите финансиски ризици и ублажувањето на сиромаштијата. Ако кинеските финансиски институции и претпријатија го подобрат управувањето со ризикот во животната средина, тогаш има големи шанси во земјата да влезат инвестиции кои го поддржуваат тој начин на работа. Зелените инфрастрктурни проекти се многу потребни за Кина.
Претходно оваа година, кинеската влада одобри три зони за одржлив развој кои треба да ги спроведат целите на Обединетите нации за одржлив развој од 2030 година. Тоа се градовите Шенжен, кој ќе ги интегрира технологиите за третман на отпадни води, искористување на отпадот, еколоша реставрација, потоа Гуилин, кој ќе се фокусира на иновции кои ќе се однесуваат на опустинувањето и Таијуан кој ќе поттикне иновативни решенија за зачувување на воздухот водата од загадување.
Техничките гиганти во Кина играат важна улога во одржливиот развој. Tencent, Baidu и Alibaba се меѓу првите 10 интернет компании во светот.Например, Ant Financial кој е банкарска подружница на Алибаба е основач на Зелената дигитална финансиска алијанса. Која има за цел да ја користи дигиталната технологија за унапредување на зелените финансии. Повеќе од 200 милиони корисници на Ант Фајненшл се пријавиле на апликацијата „Ант шума“. Оваа апликација го следи движењето на јаглеродот во воздухот и ги поттикнува корисниците да ги намалат емисиите на стаклени гасови во реалниот живот. До крајот на јануари 2017 година на тој начин количеството на јаглерод двооксид се намалил за 150 илјади тони.