ЕКО бизнисЕКО производиСвет
Кина стана светски лидер по продажба на електрични автомобили
Во јули во светов се продадени 1,35 милиони комплетно електрични и плаг-ин електрични автомобили. Од тоа, 880.000 се продадени во Кина.

Во првите седум месеци од 2024, бројот на продадени плаг-ин хибриди во Кина е пораснат за 70% во однос на истиот период лани. Најголемиот кинески производител BYD ја има зголемено светската продажба за 13 односно 44 проценти.
Во Европа на месечно ниво продажбата во јули е намалена за 7,8% а за седум месеци е останата иста како лани.
Во Германија, најголемиот европски пазар за електрични возила, продажбата во првите седум месеци паднала за 12%.