Свет
Кина лансира воен сателит кој ќе го чисти вселенскиот отпад
Кина во вселената лансира нов воен сателит со намера да го реши проблемот со вселенски отпад.
Сателитот „Шијиан-21“ е лансиран со помош на ракетата „Лонг ларч 3Бе“ од центарот Џичанг на југозападот на Кина уште на 23 октомври, а негова задача ќе биде да ја тестира и да ја провери технологијата наменета за намалување на проблемот со вселенсиот отпад. Лансирањето беше успешно, а сателитот е пратен во геосинхроната трансферна орбита. Сепак, детали за сателитот и неговите можности остануваат мистерија.
Овој отпад претставува висок ризик за оперативните мисии затоа што може да дојде до судар, а тоа на крај може да предизвика голема штета. Кинески сателит нешто порано беше погоден со дел од руска ракета.
Многу компании како што е „Курс орбитал“, почнаа да развиваат летала наменети за решавање на поблемот со вселенскиот отпад, а по тој пат оди и Кина.