Свет

Кина го зголемува воениот буџет за 7,2 отсто оваа година

Со ова зголемување, воениот буџет достигнува 1,78 трилиони јуани (околу 245 милијарди долари). Истото процентуално зголемување беше направено и минатата година.

Кина ќе го зголеми својот воен буџет за 7,2 отсто оваа година, според нацрт-буџетот претставен денеска на Националниот народен конгрес.

Со ова зголемување, воениот буџет достигнува 1,78 трилиони јуани (околу 245 милијарди долари). Истото процентуално зголемување беше направено и минатата година.

Порастот на трошоците за одбрана доаѓа во услови на зголемени тензии околу Тајван и територијалните спорови во Јужното Кинеско Море, каде што Пекинг има сè поекспанзивни барања, наведува ДПА.

Тајван се управува самостојно од 1949 година, но Кина го смета за дел од својата територија и не ја исклучува можноста за присилно обединување.

Тагови

Поврзани вести