Свет

Кина ги повика САД да се откажат од натамошно распоредување ракети на територијата на Јапонија

Кина ги повикува Соединетите Американски Држави да се откажат од намерата за натамошно распоредување ракети со среден и краток дострел на територијата на Јапонија, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џиен.
Запрашан на прес-конференција да ја коментира намерата на САД да распоредат ракети во Јапонија, Лин рече дека САД работат на распоредување ракети со среден и краток дострел во азиско-пацифичкиот регион во последните години.

Тој посочи дека Кина предлага дека е неопходно да се зачува регионалниот и меѓународниот мир и стабилност преку практични активности.

„Кина внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата и решително ќе ги брани сопствените безбедносни интереси“, заклучи портпаролот.

Тагови

Поврзани вести