Свет

Киев: Реки од автомобили, полни подземни станици …

Многу Киевчани решија да го напуштат главниот град. Додека детонации и сирени одекнуваат низ градот, реки од автомобили течат кон 2,8 милиони излези од градот пренесуваат западните медиуми.

По ужасите во 2014 година со обоената револуција и пучот на Мајдан, Киевчани повторно се најдоа во ужасна ситуација сега откако тогаш инсталираната власт е нападната од руска страна.

Руслан Стефанчук, шефот на украинскиот парламент, исто така е снимен како заминува од Киев со семејството во голем автомобил.

Излез од градот е можно само по копнен пат, бидејќи воздушниот простор е затворен за цивилни летови од рано изутрина.

Исто така, Министерството за инфраструктура соопшти дека сите патници се евакуирани од Бориспол, најголемиот меѓународен аеродром во Украина. Инаку, тој аеродром рано утринава беше цел на напад.

Дописникот на Гардијан на Твитер напиша дека на улиците на Киев нема многу луѓе, дека само големи редици има пред банкоматите и бензинските пумпи, кои се целосно парализирани што е контрадикторна изјава сама по себе.

Света Софија во Киев, симбол на украинската националност. Се уште стои во 8 часот по локално време, на улиците има неколку луѓе, едно кафуле е отворено – неверојатно, има расположение на страв, шок и тивок пркос, напиша новинарот Лук Хардинг.

На социјалните мрежи во Киев владее чувство на паника. Некои луѓе пишуваат дека брзаат да ги однесат во атомски засолништа и подруми, а на ТВ снимките се гледа како луѓето се молат на улиците, собрани во групи, јавува Би-Би-Си. И станиците на метрото се преполни со луѓе кои се кријат во страв од руски ракети.

Поучени од војната во Македонија во 2001 година и искуството со медиумската војна која тогаш се водеше и безбројните манипулации и невистини кои се ширеа, мореме да ги земеме со резерва овие извори на информации кои доаќаат од една страна.

Камера во живо од Киев:

Тагови

Поврзани вести