Забава

Кендал и Кајли Џенер повторно го воодушевија модниот свет

Славните сестри Кендал и Кајли Џенер повторно го воодушевија модниот свет со своите дизајнерски подвизи, а во пресрет на летото, незапирливото дуо ја претстави својата нова колекција на костими за капење.

Цените на костимите, едноделни и дводелни се движат од 60 до 148 долари, што е одлична цена за парчиња облека со потпис на сестрите Џенер. Нивната колекција се сстои од разнобојни, спортски и разиграни костими.

Својата прва колекција, Кендал и Кајли ја дизајнираа во 2016 година кога го освоија вниманието на јавноста со серија промотивни фотографии. Како што изјавиле тие, нивната инспирација ја пронашле во калифорниските корени, а секој костим го направиле забавен за било каква активност на плажа, од капење до сончање.

Колекцијата “Kendall + Kylie” за 2018 година е мешавина од гламур и спортски стил.

Тагови

Поврзани вести