Македонија
Катастрофа во Тетово, кој ќе превземе одговорност?!
Вечерва голема трагедија се случи во Тетово откако изгоре модуларната болница која како што пишувале претходно медиумите имало грешки при изградбата и не требало да биде пуштена во употреба.
Во моментов е поставена дежурна противпожарна екипа со едно возило на местото на опожарената модуларна болница, информираат од ППЕ Тетово.
Имено уште на 15 април годинава во медиумите излезе веста дека кај модуларната болница во Тетово е утврдено дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките, информираше тогаш економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми.
На 14 април имало и примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница.
– Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Системот е дојден до инфективно и може да се поврзе. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба, беше тогашната изјава на Етеми.
Обдукција
Институтот за судска медицина во Скопје се подготвува за обдукција на лицата што ќе им бидат донесени од модуларната болница од Тетово.
Како што појаснуваат ќе се работи за специфичен третман, пред се заради тоа што се работи за позитивни лица кои што починале во пожарот.
Според нив треба дополнително да се екипираат, бидејќи обдукцискиот процес може да трае повеќе денови.
Се шпекулира со бројка од 14 загинати, сеуште никој не сака да превземе одговорност, а грото од медиумите информираат за сега најмалкубитната посета на политичари од власта во Тетово откако се случи катастрофалната несреќа.