Забава
“Касни благце наместо цигара”, поделени 10 000 чоколатца ,,Деби” во замена на 10 000 неиспушени цигари
Несекојдневна кампања на брендот ЛЕОНА се случуваше во Скопје по повод 17 Ноември, светскиот ден на непушењето.
Во изминатите два дена бевме сведоци на несекојдневна кампања спроведена во Скопје од страна на брендот ЛЕОНА, имено беа поделени 10 000 чоколатца ДЕБИ на случајни минувачи и во повеќето кафетерии во главниот град во замена за неиспушена цигара.
Од компанијата велат: Со оваа кампања сакавме на симболичен начин да им посочиме на луѓето дека треба да го почитуваат своето здравје и да ја подигнеме свеста како и да посочиме дека има вкусна здрава замена за овој опасен порок.
Ова е прва ваква кампања спроведена од ЛЕОНА, но оттаму велат дека била толку успешна и примена со воодушевување што планираат да стане традиција и да се организира секоја година дури и во поголеми размери.
“Секоја акција за подигнување на свеста за откажување од штетните пороци и заштита на здравјето е добредојдена и ќе биде поддржана од нашата компанија, особено ако е вака креативна и буди голем интерес кај граѓаните” вели Икица Павлоски-директор на продажба во Лион.