Патувања
Кападокија – волшебната приказна
Патувањата го збогатуваат животот на човекот, го прават посреќен и му отвораат желба за нови дестинации.
Сетете се како се чувствувате по секое патување: полни со импрессии, со настани за раскажување и нови доживувања. Токму затоа, луѓето кои често патуваат велат дека единствената работа на која не треба да се штедат пари се патувањата.
Една од дестинациите кои вредат да се посетат е Кападокија. Тоа е област која се наоѓа во покраината Невшехир Анадолија, Турција. Се наоѓа на листата на заштитени богатства на УНЕСКО.
Кападокија важи за волшебно место надвор од пишуваните бајки. Познато по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта.
Кога пристигнувате, имате чувство дека се наоѓате во филмувана верзија на приказна.
Одморот во Кападокија не наликува на класичен одмор – тука можете да имате несекојдневно искуство и да престојувате во пештерите кои се адаптирани со кревети за гости со автентичен амбиент.
Вулканските пејсажи се сведоци за животот тука пред 5000 години. Кападокија во бронзеното доба била позната под името Хати и била дом на Хатите.
Денес, оваа позната светска атракција е дестинација на многу туристи. Областа има 4 градови: Невешир, Кајзери, Аксерај и Нигде.
Балоните кои се една од најпознатите актракции тука, се пуштаат од местото наречено Гореме.
Има организриани тури до сите градови и места кои што сакате да ги посетите, а туристичките водичи попатно ве запознаат детално за историјата на местото и настанувањето на прекрасните пејсажи кои го одземаат здивот.