Свет

Канада: премиерoт донесе закон со кои полицијата може да биде по брутална?!

Канадскиот премиер Трудо објави дека го донел Законот за итни случаи, со кој за прв пат во канадската историја се воведува вонредна состојба за протестите против мерките на затварање и присилната вакцинација со вакцини кои не штитат од вирусот за кои се наменети.

„Сега е јасно дека има сериозни предизвици за способноста на органите за спроведување на законот ефективно да го спроведуваат. Опсегот на овие мерки ќе биде временски ограничен, географски насочен и разумен и сразмерен на заканите што треба да се решат. Законот за итни случаи ќе се користи за зајакнување и поддршка на спроведувањето на законот на сите нивоа низ целата земја“, изјави Трудо.

Трудо рече дека спроведувањето на Законот за итни случаи ѝ дава на полицијата повеќе “алатки” за да го врати редот во “незаконските и опасни” активности како што се блокадите и протестите. Со ова практично Канада го укинува правото за мирни протести и ја зголемува можноста за тотрура на владата врз населението кое не мисли исто.

Законот, исто така, ја овластува владата да ги идентификува и обезбеди критичните области како што се граничните премини и аеродромите, со што владата ќе проценува по свое убедување .

Трудо рече дека со спроведувањето на законот ќе се обезбедат основни услуги како што се кревање камиони на демонстрантите.

Законот, исто така, дозволува федералната влада да забрани употреба на финансиски институции за финансирање или поддршка на нелегални блокади, со што директно се кршат основните човекови права во земјата.

Законот им дава посебни овластувања на службениците да реагираат на вонредни сценарија, како што се национална или меѓународна војна, со настани кои негативно влијаат на јавната благосостојба, како што се природни катастрофи и епидемии и јавниот ред, како и граѓански немири и протести.

Така никој повеќе не зборува за тоа што бараат протестантите и од каде толкав револт кај народот во Канада, туку без грам совест оправдувачки се толкуваат насилните мерки на власта кон сопствените граѓани.

Тагови

Поврзани вести