Свет
Канада забрани демонстрации!

Канадски суд издаде забрана за демонстрантите кои протестираат против задолжителната вакцинација и неподносливите мерки на затварање во центарот на Отава повеќе од 10 дена.
Адвокат поднесе колективна тужба во име на жителите на канадската престолнина.
Во смешното барањето за забрана се наведува дека постојаната употреба на труби и сирени била клучна тактика на демонстрантите, кои организирале и планирале да предизвикаат сериозни непријатности и непријатности кај жителите на Отава.
Ова небулозно опрвдание се коси со сите нормални параметри на логичкото размислување и потполно фашистичката одлука за затварање и ограничување на движењето која дирекно ги крши основните човекови права се занемарува за разлика од демонстрации со труби кои предизвикувале “непријатности”. Инаку Канада како и Австралија и Нов Зеланд се земјите каде луѓето се затворени скоро две години!
Градоначалникот на Отава Џим Вотсон прогласи вонредна состојба во неделата поради десетдневните протести на камионџиите кои блокираа голем дел од канадската престолнина.
„Конвојот на слободата“ започна како протест против обврската да се вакцинираат канадските камионџии, но се претвори во општ јавен протест против дискриминаторските мерките на владата и на премиерот Џастин Трудо.