Свет

Канада: Владата може да ги затвара граѓаните , но граѓаните не може владата?!

Блокадата на канадските камионџии, кои се против мерките на затварања и тортура, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите. Ова контрадикторно спинување на властите кога едно затварање е добро, а друго не предизвика уште поголем револт кај демонстрантите.

Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на мостот Амбасадор, што го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит.

– Полицијата во близина на мостот Амбасадор почна да распоредува дополнителни сили, изјави Дру Дилкенс, градоначалник на Виндзор во Онтарио, кој граничи со Детроит. Доколку демонстрантите не си заминат, ќе мора да одиме напред. Ако тоа значи нивно физичко отстранување, ние сме подготвени да го сториме тоа, дрско, ниско и навредливо наведе Дилкенс.

Тој подоцна на прес-конференција изјави дека се обидува да го реши проблемот по мирен пат и да се обезбеди никој да не биде повреден иако тој самиот не најде за сходно да ги слушне барањата на демонстарнтите и истите мирно да ги реши.

Американските власти се подготвија за можноста за слични протести низ САД, а властите во Париз и Белгија забранија блокади на патиштата со што го открија своето вистинско лице на овие држави кое се повеќе наликува терор и диктатура.

 

Тагови

Поврзани вести