Природа
Камерите на Гренланд снимија неверојатен момент: Огромно парче лед тешко 10 милијарди тони, плови по океанот (видео)
Научниците го снимија моментот кога огромна парче лед, долго околу 6 километри, се откина од Гренланд.
Сето ова се случило кон крајот на јуни, а камерите го снимиле кршењето на ледот кое тежи повеќе од 10 милијарди тони кое се искршило и тргнало а плови низ океанот.
Парчето лед со големина на Менхетен, се одвојувало половина час, најпрвин ситни делови, а на крајот и голем и дебел дел кој се издигнал над морето а потоа паднал во водата.
Иако звучи страшно, треба да се има на ум дека тоа е само три проценти од вкупната количина на лед која Гренланд ја губи секој ден.
Научниците го следат овој процес и неговото влијание на морето.