Природа

Како се раѓаат пчелите (ВИДЕО)

Уживајте во откривањето на тајните на природата и погледнете како изгледа 21 ден во животот на овие суштества.

Како би утврдил поради што има се помалку пчели на светот, фотографот Ананд Варм, во соработка со лабораторијата од Универзитетот во Калифорнија, овековечил 21 ден во животот на пчелите.

Тој го одбрал самиот почетој од животот на овие мали суштества, благодарение на тоа го имаме овој мал увид од моментот кога тие излегуваат.

Снимката открива дека набрзо по развивањето на пчелите, кога сеуште се слаби и ранливи, грините ги напаѓаат овие инсекти и им ја пијат крвта и го ослабнуваат нивниот имунолошки систем. Ова ја прави целата колонија почуствителна на разни заболувања, па така цели заедници исчезнуваат.

Благодарение на сознанијата на Варм и научниците од американскиот универзитет до кој дошле со снимањето на овој филм, експертите ќе можат да развијат нови методи со кои ќе помогнат во заштитата на пчелите.

Тагови

Поврзани вести