Македонија

Како и зошто оддеднаш се укинува носењето маски, нели требаше да и веруваме на науката?

На денешната седница на Владата на Македонија e донесена одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории.

Исклучок ќе има во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.

Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство, без задолжително носење заштитни маски. Причините за укинувањето се најасни и без никаква поткрепа како што беше и кога се воведуваа, мерка без никаков ефект освен контрола и дресирање на населението.

Владата на денешната седница ја укина и забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта, најверојатно по наредба од надвор како што беше и за воведувањето на задолжителни маски и се останато.

Се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување надоместоци за попреченост и на комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Тагови

Поврзани вести