Македонија

Како изгледа Советот на Град Скопје? ВМРО-ДПМНЕ го освои мнозинството советници

На седмите локални избори во земјава кои се одржаа пред два дена се бираа градоначалници и советници за 80 општини и градот Скопје. Оттука, со излезност од 49.22%, скопјани одлучија да им доверат 45 советнички места во Советот на Град Скопје на 7 советнички листи.

Мнозинството советници го освои партијата ВМРО-ДПМНЕ, која овие четири години ќе настапува со 17 советници, а веднаш по нив се 12-те советници на СДСМ.

Во следните четири години во работата на советот ќе учествуваат и партиите ДУИ со 6 советници, Левица со 4 советници, како и 2 советници на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Движењето Одлучно за промени и независната листа Зелен Хуман Град.

Иако советот веќе се формираше, на 31 октомври скопјани повторно ќе треба да гласаат. Овој пат, само за градоначалници, каде ќе треба да одлучат меѓу кандидатите за градоначалници на СДСМ Петре Шилегов и независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска која води по првииоткруг и има големи шанси да победи.

Тагови

Поврзани вести