Храна

Како да откриете дали маслиновото масло е свежо и екстра девствено?

Може да се каже дека околу две третини маслинови масла на пазарот се лажни, во смисла на тоа дека им се додаваат други масла за да се зголеми количината, но и да се заштеди, некои од нив се и расипани, а исто така и чиста измама.

Дали знаевте дека околу 70 отсто од маслиновото масло што се наоѓа на пазарот е лажно? Уште полошо, дали знаевте дека може да ви биде лошо од вакви масла – особено ако сте алергични на состојките што се додадени во него?

Може да се каже дека околу две третини маслинови масла на пазарот се лажни, во смисла на тоа дека им се додаваат други масла за да се зголеми количината, но и да се заштеди, некои од нив се и расипани, а исто така и чиста измама.

Маслата што се помалку чисти, на кои им се додаваат други масла или супстанции, може да содржат соја, сончоглед, палма или масло од канол“, објаснуваат нутриционистите, додавајќи дека маслиновото масло станува мувлосано или дури и матно ако дојде во допир со прашина и земја.

Старите или киселкасти масла се резултат на несоодветно складирање и изложеност на силна светлина, топлина или воздух. Ако вашето масло има многу непријатен вкус, може да содржи дури и ларви на мушички.

Како да го препознаете лажното масло?

Според нутриционистите, секогаш избирајте масло во боја на темно стакло, бидејќи токму тоа е потребно за да се зачуваат неговите својства. Исто така е важно да се провери датата на берење на маслинките, а таа мора да биде 18-20 месеци во моментот кога сте го купиле маслото. Но, најдобриот начин да бидете сигурни дека сте купиле валидно масло е токму дегустацијата – ако има пластичен вкус, вкус на путер или како – ништо, тогаш сте купиле лошо масло.

Нутриционистите исто така напоменуваат и дека натписите на етикетата се важни, како што се „чисто“, „светло“ или „девствено“ затоа што тоа значи дека маслото е обработено, a ако пишува девствено масло, а не екстра девствено, тоа значи дека неговиот квалитет не е најдобар. Ако вашето масло има убава боја, богато е и со свеж вкус, сте го купиле вистинското маслиново масло. Можеби не сте размислувале така, но изборот на добро масло е процес сличен на изборот на вино, потребно е малку време, но на крајот сигурно ќе знаете како да препознаете добро маслиново масло.

Колку долго трае маслиновото масло кога ќе се отвори

Без разлика дали е горчливо или слатко, зелено или жолто, со овошни ароми или оние лути, маслиновото масло нуди дополнителен вкус на секое јадење и е ценето низ целиот свет. Не е важно дали го чувате во посебен стаклен сад или во шише што сте го купиле во специјализирана продавница, начинот на кој го чувате маслиновото масло е многу важен за зачувување на неговиот квалитет.

Природните непријатели на маслиновото масло се светлината, топлината и воздухот, велат производителите на маслиново масло. Тоа значи дека е потребно да го чувате на темно место, како остава или кујнски плакар, а важно е и да е добро затворено за да не влезе воздух во шишето.

Но, како можете да знаете дека маслиновото масло е сè уште добро за употреба? Еве неколку совети што можат да ви помогнат.

Што треба да направите кога ќе го отворите шишето?

Пред да ја прелиете салатата со масло или да ја истурите во тавата, она што треба да направите е да пробате дали е расипано маслото. Одвојте малку време и размислете за она што ќе го почувствувате – свежото маслиново масло треба да има вкус на треви и билки. Остриот и полн вкус ќе открие дека маслинките се берени рано, што исто така ќе резултира и со темнозелената боја. Кога ќе пробате
квалитетно масло, она што се појавува е пикантност, блага горчина, вкус и мирис на плодот на маслинката. Ако се расипало, нема да почувствувате ништо од горенаведеното.

Тагови

Поврзани вести