Живот
Како би изгледала Земјата без океани?
Океаните покриваат поголем дел од Земјата, вклучително и најдолгиот планински венец и античките мостови кои луѓето ги поминувале за да стигнат до другите континенти.
Во неодамнешна преработка на видео на НАСА од 2008 година, планетарниот научник Џејмс О’Донахју покажува како би изгледало ако сета таа вода ја снема, откривајќи ги скриените три петтини од површината на Земјата.
О’Донахју работи во јапонскиот Центар за вселенски истражувања и порано работел во НАСА. За да го направи видеото, тој зел анимација која физичарот и аниматор Хорас Мичел од НАСА ја направил во 2008 година и додал неколку работи. Тој го променил тајмингот и додал следач за да покаже колку вода снемува за време на анимацијата.
– Кога се случила последната ледена доба, голема количина океанска вода била замрзната на половите. Затоа постоеле мостовите. Секое такво поврзување им помагало на луѓето да мигрираат и кога ледената доба завршила, водата на некој начин ги заробила – објаснува О’Донахју.
Преку отстранување на таа вода, анимацијата овозможува поглед во светот на нашите антички предци.
Тој додава дека празнењето на морињата го открива не само океанското дно, туку и античката приказна на човештвото.