Вести

Казни и бркање од Зоолошка ако ги храните животните

Глоби и наредба за напуштање на Зоолошката градина ќе следат доколку граѓаните не ги почитуваат наредбите од таблите и ги хранат животните и покрај забраната.

Од завчера, на пет локации низ Зоолошката се поставени информативни табли, на кои е напишан кодексoт на однесување на посетителите.

„Искрено се надеваме дека посетителите ќе ги почитувате правилата за поубава градина и благосостојба на животните. Освен што ќе бидат отстранети планираме да воведеме и казни за хранење на животните. Навистина имаме проблем, им се дава секаков вид храна, дури и таква која е опасна за нив“, велат од Зоолошката градина.

Низ Зоолошката градина во понеделникот беа поставени и патокази со кои посетителите полесно ќе можат да се снајдат каде се наоѓаат живеалиштата на животните. По 13 години исчистено беше и езерото, кое сега е и хортикултурно уредено и поставен е брод со детски реквизити.

Инаку, познато е дека досега неколку животни умреа откако пороголтале тврд предмет или кеса од грицки, кои на обдикцијата биле пронајдени во нивните тела.

 

Тагови

Поврзани вести