Македонија

И денес ладно, локално и врнежливо со силен северен ветер (над 65 км/час)

Денешниот ден (среда 8 октомври) во Македонија ќе помине во знакот на значително облачно и релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Ќе има  и повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина врнежите ќе бидат од повремен снег. И во Скопје  и околината денес ќе има значителна облачност со повремен локален дожд.

Ќе продолжи да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и истиот најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 65 км/час. И во Скопе и околината ќе продолжи да дува повремено засилен до силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 65 км/час).

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, а во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 14 степени.

Тагови

Поврзани вести