Економија

Во Русија како и кај нас и во Европа почна да се купува зејтин, шекер и леќа во маркетите

Трошоците за живот во Русија се зголемуваат, покажуваат новите податоци. Kако што јави Би-Би-Си, растот на цените следува по споведените санкции спроведени поради војната во Украина. Инаку овој извор не ги споредува енормните зголемувања на трошоците за живот кои се случија и се случуваат во е Европа, САД, Британија и останати погодени држави низ целиот свет.

 

Цената на некои основни производи за домаќинство, како на пример шеќерот, „скокна“ за 14 отсто минатата недела, а кај нас тоа е и повеќе

Се проценува дека инфлацијата ќе продолжи да расте во Русија, каде рубљата изгуби 22 проценти од својата вредност од почетокот на годинава. Истото се случи и со Еврото кое падна за околу 20% во однос на доларот и швајцарскиот франк.

Во текот на вчерашниот ден, руското Министерство за економија соопшти дека годишната инфлација „скокнала“ за 14,5 отсто во неделата заклучно со 18 март – што претставува највисоко ниво, од крајот на 2015 година.

Цената на шеќерот, што го користат често за зачувување храна или за правење алкохол, е зголемена најмногу. Потоа следува кромидот, со пораст од 13,7 отсто на национално ниво, а во некои области и до 40,4 проценти. Пелените пак, поскапеа за 4,4 отсто. Цените за црн чај се зголемија за четири, а тоалетната хартија за три проценти. Во Европа, а особено во Македонија споредбено овие проценти на поскапувања се далеку поголеми во последните неколку месеци.

Видеа на социјалните медиуми покажуваат како купувачи се обидуваат да купат шеќер и леќа во супермаркети во Москва, ситуација слична како во повеќето европски држави.

Заменик премиерката Викторија Абрамченко им порача на жителите дека нема потреба од паника за да се купат овие работи, има доволно за сите, истакна таа. Смирувачки тонови кои навикнавме да ги слушаме кај нас во последно време.

Тагови

Поврзани вести