Свет
Италија повторно транспортира луѓе во логори во Албанија
Бродот Касиопеја, на италијанската морнарица, превезува четириесет и девет баратели на азил кон двата затворени логори во северна Албанија. Бродот исплови вчера напладне од морската област Лампедуза и се очекува да пристигне во Албанија во вторник наутро.

Патролниот брод Касиопеја од петокот се наоѓа во близина на брегот на Лампедуза и во првата фаза на него се качиле единаесет лица.
Тоа е трет трансфер на баратели на азил од Италија во објектите „Ѓадер“ и „Шенѓин“ во логорите во Албанија.
Двете претходни операции беа извршени во октомври и ноември 2024 година, но судот во Рим не го потврди привременото задржување на мигрантите кои по неколку дена беа вратени во Италија.