Свет

Италија забранува пластични чаши , чинии , прибор за јадење…

Италија во 2020 ќе воведе целосна забрана за користење пластични чаши , прибор за јадење и слични производи за еднократна употреба, најави министерот за екологија , Серџо Коста.

Со најавената забрана Рим го уважува предлогот на Европската Комисија , кој допрва треба да биде усвоен. Со забраната ќе бидат опфатени и цевчиња , стапчиња за балони и мешалки за пијалоци.

,, Моја цел е да се исчисти што е можно повеќе морскиот екосистем.” , порача Коста , додавајќи дека ќе се забрани употребата на сите пластични производи за еднократна употреба.

ЕК во мај побара да се донесе ваква забрана , бидејќи околу 80 проценти од отпадоците во морињата се пластични производи.

Италија планира да забрани и козметички производи , кои содржат микропластика , а на рибарите ќе им биде забрането да го враќаат во море отпадот што ќе го уловат со мрежите.

Тагови

Поврзани вести