Свет

Истрага за Фон дер Лајен за набавката на корона вакцини и СМС пораките кои ги разменувала со директорот на Фајзер

Обвинители од Европското обвинителство истражуваат можни кривични дела за набавката на вакцините за Ковид поради СМС пораките кои ги разменувале претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, потврди за Политико, портапролот на Обвинителството чие седиште се наоѓа во Лиеж.

Набавката на Фајзер вакцини за целата Европска Унија беше во вредност од над 20 милијарди евра. Истражителите на европскиот јавен обвинител ја презеле истрагата од белгиското обвинителство. Во таа истрага беше опфатена Фон Дер Лајен поради „мешање во јавни набавки, уништување на СМС пораки, корупција и судир на интереси“, стои во документите во кои увид имале новинарите на Политико.

Истрагата е отворена по пријава на белгискиот активист Фредерик Балдан, а на таа пријава лани се приклучија унгарската и полската влада. Скандалот изби откако беше објавено дека пред да се склучи зделката, Фон Дер Лајен разменувала пораки со првиот човек на Фајзер. Аферата доби име „Фајзергејт“ кога се утврди дека претседателката на ЕК Фон дер Лајен ги избришала пораките од нејзиниот телефон.

Договорот беше склучен на крајот на 2021-ва и во тоа време беше сметан за победа на Фон Дер Лајен. Дополнително беше утврдено дека во членките на Европската Унија биле уништени вакцини за корона во вредност од околу 4 милијарди евра.

Тагови

Поврзани вести