Вода
Испразнети резервоарите за вода во Радишани и Гази Баба
Скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ упати апел за рационално користење на водата, откако резервораите во Радишани и Гази Баба целосно се испразниле поради виоките температури.
„Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.
Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење се соочуваме со сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од градот. Во изминатиов период резервоарите за вода во Радишани и Гази Баба, заради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа“, се вели во апелот на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи во континуитет најавуаат високи температури во наредиот период, а од претпријатието уште еднаш апелираат до жителите на градот Скопје рационално и внимателно да се користи водата за пиење.