Забава

Инфлуенсерката Ксенија Деспотоска за “Celsius” – Уживам во времето кое си го посветувам на себе, а “Celsius” е право место за тоа!

Дали некогаш сте се запрашале кој се грижи за изгледот на нашите инфлуенсерки? Како тие постигнуваат да се секогаш средени, да изгледаат одморено и здраво, а притоа да имаат убави облини, вајано тело? Одговорите на овие прашања ги добивме од нашата најпозната блогерка Ксенија Деспотоска, која не ги штедеше пофалните зборови за козметичкото студио “Celsius”.

Зошто изборот беше токму “Celsius”?

– Изборот токму за “Celsius” беше по препорака на една пријателка. Искрено јас претходно не бев некоја девојка која посетува козметички салони, но сфатив дека не можам да постигнам се сама. Си одвоив време во кое оставам на другите да се погрижат за мене и мојот изглед. И навистина не погрешив во мојата одлука, секогаш кога одам во “Celsius” си поминувам супер, Јас навистина уживам во времето кое си го посветувам на себе.

Какво искуство имаш од “Celsius”?

– Позитивно во секоја смисла, грижата на вработените кон мене е одлична и уживам во секој третман максимално. После еден напоред ден, едноставно со душа чекам една мала релаксација.

Дали си задоволна од третманите кои ги добиваш како клиент?

– Да, многу сум задоволна! Не знам кој третман би го издвоила како нешто што најмногу го сакам,  може да кажам сите. Секој третман е за мое разубавување, било тоа да е маникир и педикир, третмани за лице и тело, грижа и нега за мојата коса. Морам да напоменам дека во “Celsius” ја направив и мојата најголема промена на коса и сум презадоволна од мојот моментален изглед.

Што би издвоила како најдобро од салонот?

-Како најдобро, би издвоила неколку работи, прво е локацијата. Лоциран е на многу убаво место, во самата City Tower, веднаш до City Mall, а тоа е само на неколку чекори од мојот дом, и тоа секако ми оди во прилог. Односот и љубезноста секогаш кога сум таму . И секако да не го заборавам пријатниот амбиент кој му дава посебен шмек на местото.

Убавината е императив за секоја жена. Поделбата на убави и грди жени веќе одамна е надмината, односно постојат негувани жени и оние другите. Само средената жена е самоуверена и чекори храбро низ денот. Бидете и вие една од нив!

 

Разговарала: Јанковска Ивана

Тагови

Поврзани вести