Економија
Инфлацијата го јаде стандардот, цените на зејтинот, брашното и млекото како основни намирници зголемени и над 40%
"Инфлацијата го јаде стандардот, цените на зејтинот, брашното и млекото како основни намирници зголемени и над 40%. За само година и половина цената на зејтинот која во 2020 година изнесувала 57 денари, сега е 98 денари, односно за над 46% повеќе“, велат од опозицијата
И во истиот овој период, платите не се зголемија ниту денар. Скок на цената има и кај млекото, истото во 2020 година се продавало за 45 денари за литар, а сега се продава А 55 денари за литар, што е над 20% покачување. Пензиите во овој период не се зголемија ниту денар.Голем раст на цените има и кај брашното. Килограм брашно во 2020 година чинел 34 денари, сега чини 47 денари, односно за скоро 40% повеќе. Во целиот овој период економијата не порасна.
Цените на основните суровини во прехранбената индустрија се покачени, тоа предизвика покачување на сите други производи во чиј состав влегуваат истите.