Македонија
Иновативна еко зона во центарот на Скопје

Денес е отворањето на иновативна еко зона во центарот на Скопје, на 8ма Ударна Бригада 2, близу Шведската амбасада.
– Овие иновативни еко-зони се наоѓаат на територија на три скопски општини, на кои се поставени смарт клупи кои имаат сензори за квалитет на воздух, се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен вифи интернет. Зоните се оплеменети со зеленило и заедно со кантите за селекција ќе ја создадат „Биди Зелен“ зоната. Зоните се поставени на стратешки локации и со тоа ќе се едуцираат најмладите за климатските промени, квалитетот на воздух, електричниот транспорт и рециклирањето на секундарни суровини. За промоција и едукација ќе се користи рециклирана садлива хартија кои откако децата ќе прочитаат ќе ја засадат во саксија и ќе научат за циркуларната економија, соопштија од Министерството за локална самоуправа.
Оваа зелена зона е овозможена преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ од Швајцарската агенција за развој и соработка во Македонија.