Македонија

Иницијатива за нов национален парк во Македонија

Оваа година ќе се обновува инфраструктурата во Моноспитовското блато  за полесен пристап и поголема посетеност на овој природен резерват богат со уникатни растенија и животни.  Општина Босилово доби 65 илјади евра  од ИПА 2 програмата на  ЕУ за обновување на веќе постоечките патеки и посматрачници  со цел ова мочуриште да биде туристичка и научна дестинација.

Иако нема научна студија сепак биолозите тврдат дека во моноспитовското блато има  десетина видови алги,  водоземни реликти, стотици разновидни растенија и над 200 видови птици штио живеат или блатото им е попатна станица.

Првиот човек на општината сметаат дека Моноспитовското блато треба да биде прогласено за национален парк со што ова единствено мочуриште би имало поголема државна заштита.

Моноспитовското блато може да биде и самоодржливо бидејки може да се користи и за риболов а трската од истото може да се користи како биогориво за затоплување на неколку стотици домаќинства од околните села.

Тагови

Поврзани вести