Свет
Индија би можела да стави забрана за приватни возила во главниот град
Телото за контрола на загаденоста на животната средина на Индија изјави дека приватните возила ќе мора да се забранат во главниот град Њу Делхи, доколку нивото на загаденост на воздухот се зголеми.
„Да се надеваме дека ситуацијата со загаденоста на воздухот во Делхи нема да се влоши бидејќи во спротивно ќе мора да ја забраниме употребата на приватните возила. Само јавниот превоз ќе може да се користи“, Буре Лал, претседателот на оваа институција изјавил за „АНИ њуз“.