Свет
Израел веќе се подготвува за 4-та доза на вакцина, дали теориите стануваат реалност?!
Иако добар дел од светот се уште не ја примиле првата доза од вакцината против КОВИД-19, а кај нас за третата доза сега се дискутира, во Израел отидоа чекор подалеку и почнале да разговараат за четвртата.

Имено, израелскиот професор и, како што го нарекуваат „coronavirus car“, Салман Зарка, веќе ги повика властите да започнат со подготовки за потенцијална примена на четвртата доза на вакцина против КОВИД-19.
Но, тој откри дека следната доза на вакцината, кога таа ќе дојде на ред, можеби ќе треба да се модифицира за подобро да се заштити од новите варијанти на вирусот САРС-КоВ-2, како што е распространетата делта варијантата.
Ова е нашиот живот сега, во бранови, рече Зарка.
Во неодамнешното интервју за „Times of Israel“, Зарка посочи дека сегашните бранови на коронавирус покажаа дека ќе треба да се подготвиме за нови варијанти во иднина, како и нови акции за вакцинација.
Слабеењето на ефектот на вакцината и намалувањето на нивото на антитела по само четири месеци е причината зошто, се чини, ќе треба да се ревакцинираме еднаш годишно, па дури и на секои пет до шест месеци, рече тогаш Зарка.
Се верува дека до крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година, Израел ќе започне да користи модифицирани вакцини кои подобро ќе штитат од нови варијанти на вирусот.
Да потсетиме, Израел беше првата земја која вакцинираше поголем дел од своето население и која потоа започна да нуди трета доза вакцина за секого на возраст над 60 години. Минатата недела, таа граница беше намалена на само 12 години, под услов лицето да ја прими својата последна доза од вакцината пред најмалку пет месеци. Досега, 2,5 милиони Израелци ја добија третата доза.
Дека сериозно се подготвуваат за четвртата доза во Израел, покажува одлуката на Министерството за здравство според која нивната верзија на „пасошот за КОВИД“ ќе истече шест месеци од денот на приемот на последната доза од вакцината (втора или трета).
Текстот е превземен од denar.mk