Македонија
Изложба на кучиња на 22 мај – само за чипирани и со пасош за миленици
ЈП „Лајка“ во недела во хотелот „Белви“ организира изложба на кучиња, за првпат во соработка со Кинолошки сојуз на Македонија.

Изложбата започнува во 10 часот, а сопствениците ќе можат кучињата да ги пријават во повеќе категории како што се: најубаво стилизирано куче, најигриво, куче што личи на својот сопственик, омилено куче на судиите, најубава женка, најубав мажјак, најубаво куче во спортски дрес, па дури и во категоријата на куче со најубави очи.
Идејата на овој настан е да им се даде еднаква можност и привилегија на сите кучиња кои не се расни да учествуваат на една професионална изложба каде сопствениците ќе може гордо да ги презентираат своите миленици, истакнувајќи ги нивните позитивни карактерни особини и таленти – информираат од „Лајка“.
Оттаму додаваат дека настанот ќе биде од забавно-едукативен карактер и ќе има за цел промовирање на кампањата за вдомување на бездомни кучиња.
Пријавувањето е отворено до 20 мај до 16 часот, а за учество е потребно да се пополни апликацијата која се наоѓа на линкот
https://docs.google.com/…/1U20bhgiXWzquVM9V6R…/edit