Македонија
Излетничкото место Сифулајка исчистено од ѓубре
Македонско-холандското граѓанско здружение „Changemakers 4Алл“ со голема поддршка од граѓаните на Гевгелија ја организираше и успешно ја спроведе првата велосипедска еко-акција во излетничкото место „Сифулајка“, сместено во живописната околина на Конска Река.
Учениците во акцијата се упатија со велосипеди од Гевгелија до излетничкото место оддалечено десетина километри од градот и за кратко време успеаја да соберат повеќе од 30 килограми разновиден отпад расфрлан покрај убавата планинска река.
– Иако организирана во екот на годишните одмори, задоволни сме од одѕивот,а уште повеќе од фактот дека со секоја ваква и слична акција не само што даваме придонес за животна средина без ѓубре. Jа подигаме еколошката свест кај сите жители на локалната заедница во иднина да бидат почести учесници во еколошки акции – изјавија организаторите на акцијата која беше поддржана од oпштина Гевгелија и од јавното претпријатие ,,Комуналец“.