Македонија

Излевањето фекалии во Охридското езеро не било поради дефект на Колекторот

Влевањето на заматената вода во Охридското Езеро е од реката Грашница, не од колекторскиот систем, истакна денеска на прес конференција директорот на јавното претпријатие „Колекторски систем“ Владимир Алексијоски.

 

По обвинувањата во јавноста дека од колекторскиот систем истекува заматена вода во езерските води кај месноста Грашница, тој се осврна на записникот на Државниот инспекторат за животна средина по вонредниот инспекциски надзор дека не се регистрирани никакви неправилности во работењето на ЈП „Колекторски систем“.

Кај месноста Грашница имаме два системски испусти, но нашиот испуст е на 200-300 метри од влезот на загадувањето во водите на Охридското Езеро. Од вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат не се пронајдени никакви неправилности во работењето на ЈП „Колекторски систем“, од двата испусти, кои се наоѓаат на тој дел во моментот нема излевање на заматена вода. Посетена е и препумпната станица во месноста Даљан, која била во функција работела и согласно тоа не се утврдени неправилнсоти во работењето на ЈП „Колекторски систем“ посочи Алексијоски.

Направени се снимања, рече, на колекторскиот цевковод на тој дел од градот и регистрирани се недостатоци кои предизвикуваат излевања во тој дел на Охридското Езеро.

При тие снимања пронајдени се голем број намерно или немнамерно оштетни цевководи и диви приклучоци. Видени се голем дел материјали на кои не им е местото во колекторскиот систем, како истурен бетон и огромен камен (карпа), која се наоѓа во цевководот, на 794 метри од шахтата, кај што се соблекувалните на фудбалското игралиште во Грашница. Чистата вода, пак, треба да биде поставена во атмосферската канализација, внесена во цевководот прави големо оптеретување, со тоа ги зголемува и сметките на електрична енергија, забележа директорот на Колекторски систем.

За решавање на проблемот во Грашница потребно е одвојување на атмосферската од секундарната канализација, вели, која во Охрид е оделена само во 20 отсто од шахтите.

Проблемот со излевање на вишокот вода, која се појавува од врнежи се до исцедување на количеството кое навлегло во колекторскиот систем е поради неоделеноста на атмосферската од секундарната канализација на територијата на Општина Охрид. Само 20 проценти на територијата на Охрид атмосферските води се одделени од фекалните, забележа Алексијоски.

Во годинешниот план за јавни набавки предвидено е чистење на цевковод со користење на високопритисочни цистерни, постапка која веќе е во тек и одма после Велигденските празници  ќе биде спроведена и во Грашница, со што ќе се овозможи зголемување на водотекот низ цевководот и со тоа ќе се намали активирањето на системските испусти на тој дел, пренесува ohridnews.mk

Тагови

Поврзани вести